еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Румена Бужаровска денес на Саемот на книгата: Промоција на новите изданија на штандот на ТРИ

Денес на Саемот на книгата на штандот на ТРИ, со почеток од 18 часот, ќе се одржи промоција на новите изданија на расказите на Румена Бужаровска, кои побудија голем интерес кај посетителите.

„Осмица“ (ново издание во кое има и од раните раскази од „Чкртки“), „Мојот маж“ и „Не одам никаде“ ги потсетуваат читателите дека на македонската книжевна сцена има квалитетни автори кои вреди да се прочитаат.

Бројот на читатели што се интересираат за домашната литература постојано расте. Тоа се случува благодарение на македонските авторки и автори како Румена Бужаровска, кои во своите дела ни нудат силни приказни раскажани на мајчиниот јазик.

Бужаровска не само што успеа да ги охрабри читателите да ѝ веруваат на македонската проза, а на писателите да ја објавуваат, туку успеа и да ги надмине границите и да го прошири својот глас и влијание во Европа. Нејзините раскази се преведуваат на големи светски јазици, се изведуваат на театарските сцени и високо се вреднуваат.

Токму поради тоа, се очекува денешниот настан да го одбележи овогодишниот Саем на книгата – денес ќе имаме можност да се сретнеме со авторката која го промени текот на македонската проза.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Собрани парите за лекување на младиот Никола Ѓорѓиев во Турција

Редакција

Подарете можност за СРЕЌА ПЛУС и вратете се со еко скутер од 10тиот Саем за венчавки

Редакција

Голем успех на Театарот за деца и младинци со претставата Роња

Редакција