Главниот руски истражител денеска наложи официјална истрага на, како што рече, украинска „провокација”, откако Киев ја обвини руската војска за масакрирање цивили во градот Буча.
Александар Бастрикин, шеф на Рускиот истражен комитет, нареди да се отвори истрага врз основа на тоа дека Украина ширела „намерно лажни информации” за руските вооружени сили во Буча, се вели во соопштението на Комитетот, пренесува Ал Џезира.
Бастрикин не обезбеди докази за своите тврдења.
Во меѓувреме, западните лидери бараат истрага против руските сили, обвинувајќи ги дека во Буча извршиле „воени злосторства”, што Москва негира. Русија тврди дека сето тоа е изрежирана украинска провокција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.