еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Руските сили влегле во областа Чернобил, можно оштетување на објектот за складирање нуклеарен отпад

Советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашченко, попладнево изјави дека руските сили влегле во областа Чернобил.

– Во борбите можеби е оштетен и објектот за складирање нуклеарен отпад, изјави советникот, а јави дописникот на американската телевизија Ен-Би-Си, Ричард Енгел.

– Тие, додаде Герашченко – влегоа во зоната на Чернобил од територијата на Белорусија.

Советникот додава дека украинската Национална гарда продолжува да ги штити небезбедните радиоактивни извори.

– Доколку артилеријата погодила складишта за нуклеарен отпад, радиоактивната прашина ќе ја покрие цела ЕУ, рече тој.

Еден нуклеарен реактор во централата во Чернобил во 1986 година експлодира и притоа со радиоактивен прав зафати поголем дел од Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Потресни снимки од Украина: Цивилите масовно ја напуштаат земјата

(Видео) Сведоштво на Македонка која ја напушта Украина со автомобил: „Луѓето се во паника дека ќе немаат храна и бензин, има огромни гужви по патиштата“

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потребни се 131 година за да се надмине родовиот јаз во трговските фирми

Редакција

Таткото го застрелал синот при лов: Откриено како загина 31-годишниот маж во штипско

Редакција

Димитров: Внесувањето на бугарските барања во преговарачкиот процес ни ја става судбината целосно во рацете на Софија

Редакција