еМагазин
Image default
Македонија

Русковска: Обвинетите за „организирање на 27 април” знаеле точно што прават, фрлиле се на една карта

Обвинетиот Трајко Велјаноски, не само што со своето однесување како претседавач на Собранието, директно придонел за насилството што се случи на 27 април 2017 година, туку и го оправдува, рече обвинителката Вилма Русковска во завршните зборови на рочиштето за “организаторите на 27 април“.

Таа прочита порака од Велјаноски, пратена до пратеникот Илија Димовски, со содржина „гледајте, ако стварно го бират Талат во 17 одма десетина пратеници пред кабинет кај мене за да го бранат кабинетот. Пола пред кабинет, пола во сала”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанакиески и Спировски редовно го информирале Велјаноски за протестите на „За заедничка Македонија”, рече Русковска на судењето за „организатори на 27 април”

На ова прашање обвинителката Русковска, коментираше од кого тоа пратеници требало да го бранат неговиот кабинет, односно во друга порака на Велјаноски до Димовски, се вели „ќе има шатори”.

– Како знае обвинетиот Велјаноски дека ќе има шатори во 18:32 часот (27 април 2017), ако знаеме дека вратите се отвораат и народот влегува во Собранието нешто пред 18:50.

Ама знаел затоа што имал интензива комуникација со обвинетиот Спиро Ристовски. Дека обвинетиот Велјаноски бил во тек и го знаел целото сценарио да се спречи мирно примопредавање на власта произлегува од порака која му ја испраќа на Никола Тодоров – „народ нека се собере”.

На ова се надоврзува и порака до Илија Димовски „влегува народот”, рече Русковска и постави прашање што направи Велјаноски, дали побара евакуација на колегите, пратениците и вработените во Собранието.

– Единствено што побара е да се чува неговиот кабинет и да не се дозволи никој да не седне во неговото место, рече Русковска, при што прочита порака на Велјаноски, испратена до неговото обезбедување Горан Ѓошевски (осуден за настани за крвавиот четврток), каде го упатува како да постапува и да не дозволи некој да седне во неговото место.

Застапникот на обвинението при своите завршни зборови за овој случај направи паралела на настаните од 6 јануари 2021 во Конгресот на САД, односно таа истакна дека пред влегувањето на масата во Конгресот сите вработени и конгресмени беа евакуирани.

– За разлика од тогашниот претседавач, сега обвинет Трајко Велјаноски, чија единствена грижа беше неговиот кабинет и неговото столче, изјави Русковска.

Во завршните зборови исто така се спомнаа и дејствијата на обвинетиот Владимир Атансовски, кој неговиот шеф на обезбедување го пратил во Собранието за да ги земе хард дисковите од мониторинг собата и да се прикријат трагите од стореното кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредокт”.

Според Русковска, обвинетите знаеле точно што прават и фрлиле се на една карта со единствена цел да се спречи формирање на влада од веќе обезбеденото парламентарно мнозинство.

Шефот на Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, своите завршни зборови против обвинетите во случајот „организатори на 27 април” ги заокружи со читање на дел од колумната на новинарот Ерол Ризаов, каде меѓу другото се вели дека „ваквите патриотски одбрани на народот да не се даде власта и покрај законски спроведени избори се секогаш поттикнати и организирани од највисокиот државен врв со регрутација на насилници и уличари…”.

Следното рочиште за овој случај е закажено за 6 јули кога е предвидено одбраната да почне со своие завршни зборови.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорката на Токсикологија која незнае македонски направи милионски долг и не сака да вработи потребни кадри, обвинуваат вработените

Редакција

Судењето за „Титаник“ продолжи со изведување докази

Редакција

Заев: Изјавите на Бојан Јовановски се неточни

Редакција