еМагазин
Image default
Свет

САД ја враќаат смртната казна: Ќе се егзекутираат петмина федерални затвореници

Министерството за правда на САД закажа извршување пет смртни казни врз затвореници, откако државниот обвинител Вилијам Бар објави дека е повторно воведена смртната казна што ја спроведува федералната влада.

„Конгресот ја одобри смртната казна преку закони донесени од претставници на народот во двата дома и потпишани од претседателот“, рече Бар.

Тој додаде дека Министерството за правда го поддржува владеењето на правото.

Во моментов, 62 федерални затвореника чекаат смртна казна, вклучувајќи го и Џонар Царнаев, кој подметна смртоносна бомба на Бостонскиот маратон во 2013 година.

Министерството за правда соопшти дека наредиле егзекуција на петмина затвореници осудени за ужасни убиства и сексуални злосторства.

Сите пет казни ќе бидат извршени од смртоносна инекција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија од почетокот на годината регрутирала 230.000 војници

Редакција

Пронајдено телото на Пригожин

Редакција

(ВИДЕО) Американците со божикно китење му пркосат на коронавирусот

Редакција