еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

САД го укинуваат задолжителниот ковид-тест за патниците во авионите

САД го укинуваат задолжителното тестирање за Ковид-19 за патниците кои доаѓаат во земјата со авион, соопшти Белата куќа.

Соочени со појавата на варијантата омикрон, американските здравствени власти ги заострија процедурите за тестирање за влез во САД во декември 2021 година. Сите патници на возраст над две години мораа да приложат негативен тест за ковид направен помалку од еден ден пред полетувањето, без разлика дали се вакцинирани или не.

Наредбата за задолжително тестирање за Ковид истекува утре (недела) во 12.01 часот по Гринич (18.01 по средноевропско време), бидејќи Центрите за контрола и превенција на болести утврдиле дека тестовите повеќе не се неопходни.

Американската агенција повторно ќе ја проценува потребата од тестови на секои 90 дена и може повторно да се воведе доколку се појави загрижувачки вид на вирусот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комисијата за заразни болести со препорака до Владата од утре да се воведат тестови за граѓаните од Србија, Косово, БиХ и Црна Гора

Редакција

Македонскиот интернационален модел Христијан Стојаноски – Крис се појави во новата кампања за реномираниот пијалок „Блендерс прајд виски“

Редакција

(Видео) Како изгледа Охрид во новогодишно руво

Редакција