еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

САД прва воена сила во светот, Русија втора, Македонија на 135, а Србија на 61 место

Според годишниот извештај на „Global Firepower“ во кој се оценува воената моќ на секоја земја, први на листата се САД, по што следуваат Русија, Кина и Индија.

Во топ десетте најсилни армии уште се и Јапонија, Јужна Кореја, Франција, Велика Британија, Пакистан и Бразил.

Годишниот извештај ги оценува воените капацитети на државите, и тоа од разновидноста на оружјето и расположливата човечка сила, до географската локација и финансиската моќ, со цел да се утврди кои нации доминираат во светот според воената моќ.

Во анализата се проценуваат повеќе од 50 фактори.

Во регионот најголема воена сила е Србија, рангирана на 61 место во светски рамки.

Веднаш зад Србија е Хрватска која е на 62-ро место. Црна Гора е на 132 место, Албанија 115, Македонија на 135, Косово на 140-то место од 142 земји земени предвид.

Последни на листата се Исланд и Бутан.

МИА/Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Пановски: Зошто лицата со антитела ги терате да се вакцинираат во периодот кога нивната природна заштита е најизразена?

Редакција

Уште тројца вработени во грчката железница кривично се гонат за несреќата во Грција

Редакција

Заврши доказната постапка, завршните зборови за судскиот процес за пожарот во модуларната болница на 25 април

Редакција