еМагазин
Image default
Македонија

САД се надеваат дека Скопје и Тирана ќе ги започнат преговорите со ЕУ оваа година

Американскиот заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Габриел Ескобар на онлајн средба со бугарските медиуми изјави дека САД се надеваат оти Северна Македонија и Албанија ќе ги започнат преговорите за членство со ЕУ во текот на оваа година.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Ескобар нагласи дека САД се убедени оти Северна Македонија и Албанија направија важни, понекогаш и болни реформи, за да се придвижат кон членството во Европската унија.

Затоа, според него, двете држави заслужуваат преговорите да ги започнат што е можно поскоро.

– Се надевам дека сите европски држави ќе ја разберат стратешката важност од тоа да им дозволат на овие две држави да ги започнат преговорите за членство. Се надевам дека Европската унија, како и одделните земји членки, ќе ја осознаат стратешката важност на европската интеграција на балканските држави, порача Ескобар.

Тој ја коментираше и ситуацијата во Босна и Херцеговина, при што предупреди дека заканите на босанските Срби за отцепување од БиХ претставуваат прекршување на Дејтонскиот мировен договор и тоа само ќе ги доведе до „изолација и економски очај“.

Ескобар нагласи и дека САД остануваат силно посветени на зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потребна е правна рамка за Општина Охрид финансиски да ја поддржи работата на Планинската служба за спасување, вели градоначалникот Георгиески

Редакција

Прекината расправата за пописот

Редакција

Кој сѐ ќе сведочи на судењето за убиството и грабнувањето на Вања и Панче

Редакција