Белата куќа објави нов пакет санкции против голем број членови на руската политичка елита, меѓу кои и ќерките на рускиот претседател Владимир Путин и кон сопругата и ќерката на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Новиот пакет санкции се одговор на администрацијата на Бајден на масакрот на цивилите во Буча.
Американскиот претседател Џо Бајден на Твитер објави дека САД, сојузниците и партнерите воведоа нов пакет санкции против Русија.
За денеска е предвидено Бајден да потпише извршна уредба за забрана на нови инвестиции во Русија.
МИА/Фото: Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.