еМагазин
Локално

Сакал да бега од полицијата бидејќи превезувал вреќа со марихуана

На 20.07.2020 во 13.30 часот на регионален пат Дебар – Струга, на место викано „Врабич“, полициски службеници од Полициска станица Дебар ги лишиле од слобода А.С.(23) и К.К.(23), двајцата од Дебар, информира МВР.

Двајцата биле со патничко возило „голф“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.С., а откако биле забележани од полициски службеници, од возилото излегол К.К. и се обидел да избега.

На местото на настанот била пронајдена вреќа со марихуана. Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина пешак по удар од „ауди“

Редакција

Лавина кај Бигорски манастир го прекина сообраќајот од Маврово кон Дебар

Редакција

Жена починала на паркинг во скопска Кисела Вода

Редакција