еМагазин
Image default
Да помогнеме

„Сакам да живеам“ порачува Наташа, која е самохрана мајка на мало дете и боледува од рак на желудник и црн дроб

Наташа Николовска упати апел на социјалните мрежи за помош, бидејќи боледува од рак на желудник и црн дроб и треба да се лекува во Турција.

„Драги пријатели, молам за сета ваша помош кога е најтешко. Јас не се откажувам сега кога е тешко, не се откажувам од моето синче, не се откажувам од животот. Самохрана мајка сум и се борам со ракот на желудник и црн дроб веќе три години. Терапиите и нивното делување веќе се исцрпени.

Лекувањето ќе продолжи во Турција со соодветни онколошки третмани, со хируршка интервенција и конечна победа над оваа не фер војна. Најголемата желба е да сум здрава и секогаш насмеана, бидејќи така барем беше до пред три години. Јас сакам да живеам! Благодарност до сите што се во можност да донираат и да ми помогнат,“ вели Наташа во повикот на нејзиниот профил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен телефонски број за донации за малата Симона, а ќе се одржи и хуманитарна забава во Штип

Редакција

Да му помoгнеме на 20-годишниот Дарко кој при скок во вода го повредил ‘рбетниот мозок

Редакција

Потребни се средства за операција на очите на Горазд Арсовски

Редакција