еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Само лицата над 60 години кои се вакцинираа во Србија со „АстраЗенека“, ќе се ревакцинираат во Македонија

Министерството за здравство денеска ќе активира уште една веб-страница (revakcinacija.mk), наменета за пријавување на граѓани над 60 години кои примиле прва доза вакцина „АстраЗенека“ во Србија, затоа што оттаму не може да бидат извезени вакцини за земјава за нивната втора доза.

-Очекуваме околу 20 јуни да има најголем број за ревакцина со „АстраЗенека“. Според нашите критериуми, може да обезбедиме една количина и кај нас од нашите вакцини на „АстраЗенека“ и согласно тоа да го направиме планот, изјави министерот за здравство Венко Филипче, напоменувајќи дека се работи само за граѓаните над 60 години, бидејќи одлуката на нашата земја е да не се имунизиираат помлади од таа возраст со оваа вакцина.

Додаде дека сертификатите на граѓаните ревакцинирани во Србија се сосема валидни и ги имаат сите технички карактеристики што се бараат на граничните премини, исто како и нашиот сертификат.

Во завршна фаза е и изготвување апликација во однос на внесување QR-кодовите за ПЦР-тестовите.

Филипче оцени дека вакцинацијата се одвива добро, со намалено темпо за првата доза зашто деновиве е намален бројот на вакцини, но динамиката повторно ќе се засили од идната недела кога се очекуваат да пристигнат нови пратки.

– Тогаш се очекуваат да стигнат 20.000 вакцини донација од Грција и 50.000 вакцини од Бугарија. Во јуни се очекуваат вакцини од „Фајзер“ преку нашиот договор за редовна динамика секој понеделник која, веројатно, не од овој туку од наредниот понеделник ќе се зголеми од тие 10.000.

Очекуваме и преку КОВАКС-системот и руските вакцини. Така што во јуни, согласно бројот на пријавени граѓани, критична инфраструктура и преку стопанските комори, верувам дека темпото ќе биде исто како што беше на крајот на минатата недела и на почетокот на оваа.

Досега се вакцинирани близу 230 илјади граѓани, од кои 60.000 се ревакцинирани, значи вкупниот број дадени вакцини во земјава е околу 300.000. Во сите градови добро се спроведува ревакцинацијата и очекуваме вакцинацијата повторно со темпото од висока бројка на 10.000 граѓани да продолжи од следната недела, рече Филипче.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Негативниот ПЦР тест за влез во Грција, наместо од 5-годишна возраст, задолжителен за сите со наполнети 6 години: Ова се најновите правила

Редакција

Врховен ги потврди пресудите за Катица Јанева и Боки 13 за „Рекет”

Редакција

Загина 23-годишно момче во сообраќајка на патот Скопје-ХЕЦ Козјак, неколкумина повредени

Редакција