еМагазин
Image default
Македонија

Само 0,01% од учениците и наставниците се моментално позитивни на Ковид-19, велат од МОН

Според податоците на Министерството за образование и наука (МОН), добиени од раководствата на училиштата на 2 септември, меѓу учениците, само 0,01 процент се активни случаи на Ковид-19. Ист е процентот и кај наставниот кадар.

-Во училиштата строго се почитуваат планот и протоколите за заштита. Учениците, наставниците и другиот помошно-технички персонал во училиштата задолжително носат заштитни маски во затворен простор, задолжително се мери телесна температура на влез во објектите и се прави дезинфекција на рацете.

Исто така, постојано се проветруваат училниците и се прави честа дезинфекција на клупите и подовите, информираат од МОН.

Од Министерството потенцираат дека брзата реакција и почитувањето на мерките е најдобрата заштита.

-Ги повикуваме наставниците, родителите и раководствата на училиштата доколку се сомневаат за позитивен случај веднаш да алармираат до здравствените установи и епидемиолошките служби кои ќе постапат согласно алгоритмите, нагласуваат од МОН.

Од Министерството за образование и наука апелираат на доследно почитување на протоколите за заштита, бидејќи минатогодишното искуство покажало дека со практикување на мерките, училиштата не се трансмитери на заразата. Секако, велат од МОН, неопходно е одговорно однесување и надвор од училишните објекти.

-Само така ќе спречиме ширење на вирусот и ќе овозможиме квалитетна едукација за младите, преку настава со физичко присуство која нема подобра алтернатива, истакнуваат од Министерството.

Во учебната 2021-2022 година, настава во основните и средните училишта посетуваат околу 257 илјади ученици.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проблем во истрагата: Тахографот што го бележил движењето на автобусот на „Беса транс“ е изгорен

Редакција

Владата одлучи да додели шест милиони денари за помош за настраданите од пожарите во Австралија

Редакција

Русковска: Премиерот Заев беше викнат во својство на сведок, не како вешто лице да дава свое мислење

Редакција