еМагазин
Image default
Локално

Само во Македонија: Опустошиле шума за да си пробијат пат без дозвола

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А. (61) и З.Ш.(71), двајцата од с.Форино, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење на шума“ и „помагање“, информира МВР.

Во текот на 2017 второпријавениот, како инвеститор, склучил договор со првопријавениот за пробивање на пат кон с.Форино, без претходно обезбедено одобрение од ЈП „Национални шуми“.

По ова, од почетокот на 2019 до 31.05.2019, во атар на с.Форино, на место викано „Форински извори“, на парцели сопственост на ЈП „Национални шуми“, првопријавениот со работна машина, извршил пробивање на пат, без соодветно одобрение.

Притоа, тој оштетил 86 стебла, односно 15,38 кубни метри црн габер. Со ова пријавените, на ЈП „Национални шуми“ нанеле штета од 118.020 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само во Македонија: Не пуштале полицајци да извршат контрола во угостителски објект

Редакција

Благајник во ЈЗУ „Завод за нефрологија“ Струга четири години сам си ја зголемувал платата 

Редакција

Семејно насилство во Кочани: Татко со нож ја „завршил“ караницата со синот

Редакција