еМагазин
Локално

Само во Македонија: Тетовец во една вечер два пати приведен во полиција

Триесетгодишник од Тетово ноќеска двапати бил приведуван во полиција. Откако еднаш бил приведен поради прекршување на полицискиот час, подоцна, по ослободувањето, после полноќ на излегување од полициската станица почнал да навредува и агресивно да се однесува кон други полицајци на улицата „Цветан Димов“.

„Десетина минути по полноќ, на ул.„Цветан Димов“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Љ.А.(30) од Тетово, кој претходно бил лишен за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, поради тоа што ги навредувал и агресивно се однесувал кон полициските службеници кои вршеле службени дејства.

По целосното расчистување и документирање на случајот, против него ќе бидат изготвени соодветни поднесоци“, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во следните три дена посебен сообрaќаен режим во Скопје

Редакција

Татко пријавил дека пријател на неговата поранешна сопруга ја допирал нивната малолетна ќерка

Редакција

Хоспитализирани уште две деца со мали сипаници: Моментално болни 20 деца и двајца возрасни

Редакција