Македонскиот премиер Зоран Заев во своето денешно, прво обраќање до македонската јавност, по изгласувањето на уставните измени, предвидени со Договорот од Преспа, со кои меѓудругото се менува името на Македонија во Северна Македонија, рече дека во СДСМ сериозно ќе размислат за барањето на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските.
„Мојот став го знаете. Македонија треба да го искористи ова пред се за економија, реформи, да го средиме нашиот систем и да бидеме нормнална земја. Сите знаат, знам и јас, и господинот Мицкоски, тоа што го бара моли Бога да не се случи. Но бара првиот човек на опзоицијата. Затоа сериозно ќе размислиме и ќе го отвориме најбрзо во највисоките органи на СДСМ, следуваат претседателски избори и е вреднио за размислување како прашање затоа што не сакаме да оставиме каква било трага на пренемагање, уцени или што било во општетсвото“, рече Заев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев почна да го користи името Република Северна Македонија
Фото: Влада