еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

СДСМ го задржува бројот на министри, имаме поголемо парламентарно мнозинство, велат од партијата

Централниот одбор (ЦО) на СДСМ го овласти партискиот лидер и премиер Димитар Ковачевски да ги заокружи разговорите за поголемо мнозинство и да предложи кадровски решенија за реконструкција на Владата, соопшти портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска по седницата на ЦО, а според неа СДСМ го задржува бројот на министри како и досега, а наскоро може да се очекува Ковачевски да излезе со решенијата кои ќе значат и реконструкција на Владата.

Кузеска предупреди дека „опасноста е земјата да биде зафатена од радикални елементи како Левица кои сакаат да го сменат нашиот пат кон ЕУ и да не испратат во изолација и сиромаштија“. Поради тоа, напомена, мора да се здружат силите и да не се дозволи повторно 11-годишна блокада.

-Денеска можеме да објавиме дека се прави добар исчекор, имаме поголемо парламентарно мнозинство за реформи, економски политики и интеграција во ЕУ.

ЦО на СДСМ го овласти претседателот на партијата Ковачевски да ги заокружи разговорите за поголемо мнозинство и да предложи кадровски решенија за реконструкција на Владата.

Со принципите на платформата за соработка со Алијанса за Албанците кои денеска ги одобри Централниот одбор, се обезбедуваат сите услови за политичка стабилност и зголемена ефикасност на Собранието и институциите, истакна синоќа Кузеска.

Според неа, кадровското освежување ќе внесе нова енергија во реализација на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ во интерес на сите граѓани и иднината на земјата, а се отвора можност и за соработка на локално ниво во општините и советите.

-СДСМ го задржува бројот на министри како досега, имаме зголемено мнозинство во Собранието, поголема поддршка на реформскиот и европскиот курс и политичка стабилност, потенцира Кузеска.

На новинарско прашање околу кадровските решенија и кога може да се очекува средба Ковачевски – Таравари, портпаролката најави дека наскоро лидерот на СДСМ и премиер ќе излезе со решенијата кои ќе значат и реконструкција на Владата.

-Не би зборувала во моментов за кадровските решенија со оглед дека денеска одлуката на ЦО е овластување на Ковачевски да ги продолжи и заокружи преговорите. Значи, за кадровските решенија би зборувале откако тој процес ќе биде заокружен. Може да се очекува наскоро премиерот да излезе со решенијата кои ќе значат и реконструкција на Владата, рече Кузеска.

Осврнувајќи се на „радикалните елементи“, таа оцени дека Левица го зема ВМРО-ДПМНЕ како заложник.

-Опасноста е земјата да биде зафатена од радикални елементи како Левица кои сакаат да го сменат нашиот пат кон ЕУ и да не испратат во изолација и сиромаштија.

За жал, Левица го зема ВМРО-ДПМНЕ како заложник исто како во деновите на Груевски кога беа блокирани евроинтеграциите. Денеска повторно закана за нашата иднина доаѓа од Апасиев и Мицкоски. Мора да ги здружиме силите и да не им дозволиме да не блокираат повторно 11 години, подвлече Кузеска.

Изборите, како што дополни Кузеска, ќе се одржат според планираното, во 2024 година што е добро, рече, за стабилноста, инвеститорите и економијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три министерски места, двајца заменици-министри, директорски позиции: Алијанса за Албанците влегува во Владата

МИА/Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вицепремиерот Груби го разреши советникот Касапи, кој неодамна беше фатен со дрога

Редакција

Во Прилеп осум новозаболени од корона вирусот

Редакција

22 починати од Ковид-19, дополнително пријавени уште 12 лица

Редакција