еМагазин
Image default
Македонија

СДСМ: Не ги поддржуваме измените на Законот за државјанство во предложената форма

Во оваа предложена форма СДСМ не ги поддржува измените на Законот за државјанство, поднесени од пратеници на Алијасна за Албанците и Алтернатива, соопштија од партијата.

На предлог текстот СДСМ има сериозни забелешки.

„За измените на текстот на Законот, ќе разговараме со предлагачот и со другите пратенички групи и тие измени ќе ги направиме по пат на амандмани, а целта ќе биде обезбедување поширок консензус за да се дојде до соодветно решение.

Измените на текстот на Законот за државјанство влегуваат во скратена процедура во Собранието, бидејќи се работи за долгогодишен проблем за државата.

Корекциите кои што ќе ги побараме ќе бидат во насока на почитување на меѓународните стандарди за решавање на вакви проблеми. Решението треба да биде системско и одржливо за да не дојдеме во ситуација со решавање на ова прашање да отвораме други прашања.

СДСМ останува посветена на креирање и спроведување законски решенија што го олеснуваат и подобруваат секојдневниот живот на сите граѓани“, соопшти партијата.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Што пишува во предлогот за измени на Законот за државјанство што предизвика хаос на социјалните мрежи?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите реагенси се исправни, велат од ИЈЗ по исклучувањето од струја на фрижидер и комора на Бактерологија

Редакција

Ревакцинирани вкупно 409.186 граѓани

Редакција

Матичните лекари утре на протест, бараат покачување на капитациониот бод

Редакција