еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Се додека Бугаринот не е спокоен во однос на неговата историја, нема ЕУ за Македонија, вели Слави Трифонов

Република Северна Македонија не може да ги започне преговорите за членство во ЕУ без да го исполни потребните услови, изјави лидерот на бугарската партија „Има таков народ“, Слави Трифонов.

– Се додека Бугаринот не е спокоен во однос на неговата историја, што претставува и Република Северна Македонија, нашето мислење ќе биде исто како и на сите Бугари, изјави на предизборен собир со студенти во Пловдив, Трифинов, чија партија според последните анкети е најголем фаворит за победа на предвремените избори во Бугарија на 11 јули.

Коментирајќи ги средбите на премиерот Зоран Заев со лидерите на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов и на Бугарската социјалиситчка партија (БСП), Корнелија Нинова, Трифунов истакна дека требало прво да се сретне со претседателот и премиерот на Бугарија, Румен Радев и Стефан Јанев, а не со претседателите на овие две партии, кои според него се „небитни луѓе“.

Премиерот Заев во Софија имаше средби со бугарскиот претседаел Радев, премиерот Јанев, како и со лидерите на ГЕРБ и БСП, Борисов и Нинова.

На прес-конференција по средбата со Јанев, премиерот Заев рече дека планот бил да има средби со претставници на четирите најголеми партии во Бугарија, но се одржале средби само со лидерите на две од нив, додека другите две неможноста за средба ја оправдале со предизборни активности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Немаме проблем со отворање на историските архиви, порача Заев по средбата со бугарскиот премиер Јанев

Борисов го предупреди Заев: Радев и техничката влада лажат и бегат од одговорност за нов договор

Заев и Димитров на средбата со Нинова ѝ соопштиле дека македонската делегација во Софија е со искрени и чесни намери

Фото: Фејсбук/Трифинов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Насилство во Собрание: Адеми од ДУИ со шолја за кафе го погоди Азири од Алијанса, а Милошески од ВМРО-ДПМНЕ со шише

Редакција

Според професорот Људмил Спасов со едностраната изјава за македонскиот јазик нема откажување од дијалектите

Редакција

Општина Дојран склучи договор со “Еко-теам“ вреден 1,9 милион евра

Редакција