еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Се додека Ердоган е претседател на Турција, нема „да„ за Шведска и Финска во НАТО

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повтори дека ќе продолжи да го блокира пристапот на Финска и Шведска во НАТО.

Како што пренесува турскиот весник Хуриет, Ердоган изјавил дека состаноците оваа недела со финската и шведската делегација не биле „на очекуваното ниво“, истакнувајќи дека не биле преземени чекори за ублажување на безбедносните грижи на Турција.

„Се додека Таип Ердоган е на чело на Република Турција, не можеме да кажеме „да“ на земјите што го поддржуваат тероризмот да се приклучат кон НАТО“, им рекол тој на новинарите во неговиот авион по посетата на Азербејџан во саботата, пренесува Хуриет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција ги блокира преговорите за членство на Финска и Шведска во НАТО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг доби тројца градоначалници во скопските општини, СДСМ ни еден

Редакција

Во Аеродром, Гостивар и Сарај ќе има в.д. градоначалници до локалните избори

Редакција

Починаа 9 лица заразени од корона вирусот, од нив 7 од Скопје

Редакција