Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 18. октомври покажуваат дека најмногу заразени со Ковид-19 на 100 илјади има кај лица на возраст од 50-59 години.
„Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 12.178 машки и 11.612 женски лица.
Специфичниот морбидитет кај машките е 1.174,9/100.000, додека кај женските 1.124,5/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 99 години (просек – 43,7 години).
Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 5.007 (21,0%) со инциденца од 1.306,3/100.000, а највисока специфична инциденца од 1.534,6/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (4.267 заболен).
Најниска инциденца од 342,5 и 495,2 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 784 и 1.239 случаи соодветно„, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од вкупниот број на заразени со Ковид-19 во Македонија хоспитализирани биле 17,4%
Штип и Свети Николе со најмногу заразени со Ковид-19 на 100 илјади жители
Фото: МЗ