Главната расправа за предметот „ТНТ“ закажана за утре, се одлага за 4 ноември поради издадено решение за домашна изолација на еден од обвинетите во овој случај, информира денеска Основниот кривичен суд – Скопје.
– До Судот е доставено известување од обвинетиот М.Ј., според кое, истиот со решение на здравствените власти е задолжен со домашна изолација заради контакт со заразен од вирусот КОВИД-19, се наведува во сопштението.
Поради ова, Судот ја одлага утрешната расправа за предметот „ТНТ“ и следното продолжение го закажува 4 ноември во 10:00 часот.
Случајот „ТНТ“ се однесува за уривањето на комплексот „Космос“ на инвеститорот Фијат Цановски.
За делото се обвинети повеќе лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на екс премиерот Никола Груевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И екс-министерот Јанакиески отиде во самоизолација
МИА/Фото: Фејсбук/Јанакиески