Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници за долгови доспеани до 31.07.2018 и неплатени до 31.10.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На најновата листа објавени се 2.153 должници – правни лица (повеќе за 110 од претходната листа) и 2.175 физички лица (повеќе за 113 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг изнесува 10.086.508.268 денари, повеќе за 328.819.629 денари од претходната листа.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.047.251.963 денари (повеќе за 318.331.768 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 39.256.305 денари (повеќе за 10.487.861 денари од претходната листа).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Звучни имиња на најновата листа должници на УЈП: Компании и фудбалски клубови должат милиони