еМагазин
Image default
Бизнис

Се продава поранешниот хотел „Вила Зора“ во Велес

На официјалната веб страна на општина Велес во тек е јавната објава за продажба на објектот на хотелот „Вила Зора“.

Почетната цена е 70.575.933 денари, а на продажба се нудат 2.738 квадратни метри.

Објектот е во сопственост на општина Велес, каде е сместен Техничко –технолошкиот факултет, што подолго време е празен и се руинира.

Негова продажба ќе се врши по пат на електронско наддавање на 29 март и на неа можат да учествуваат сите домашни и странски физички и правни лица, информира на денешната прес-конференција градоначалникот Аце Коцевски.

Објектот се наоѓа на атрактивна локација на самиот влез во Велес, покрај реката Вардар. Соодветен е за станбен и деловен простор, за регионален дом за стари лица, едукативни, информатички или сервисни услуги и воопшто за секоја намена базирана на идеи кои водат кон иднината.

Коцески потсети дека за жал објектот честопати во изминатиот период беше мета на крадци кои изнесоа голем дел од инвентарот на собите кои се доста оштетени поради прокиснувањето на покривот.

Градоначалникот се надева дека ќе се најде купувач кој ќе има креативна и иновативна идеја за објектот, што ќе го претвори во вистински бизнис или едукативен центар или можеби регионален дом за стари лица од кој бенефит ќе имаат и сопственикот и жителите на Велес.

На  последната седница на Советот на Општина Велес, со мнозинство гласови на советниците се донесе одлука за продажба на имот во сопственост на општината, односно објектот во кој функционираше поранешниот хотел „Вила Зора“.

МИА/Фото: Општина Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хари Костов и Маја Стевкова Штериева остануваат во Управниот одбор на Комерцијална банка уште шест години

Редакција

„Саемот на мебел“ е прв од трите пролетни саеми што ќе се одржат во „Борис Трајковски“

Редакција

Раст на прометот на Македонската берза во мај

Редакција