еМагазин
Image default
ЖИВОТ Македонија

И по вакцинација маски уште долго време ќе носиме, дополнително ќе се види за мерки за празниците, вели Филипче

Сега се соочуваме со пикот на досега веројатно најсилниот бран, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче при посетата на модуларната болница во Битола.

Министерот очекува српските здравствени власти да го испратат електронски списокот за сите граѓани кои изминатиов период се вакцинирале во Србија, а за аплицирањето на вакцината кај помладите граѓани, министерот истакна дека ќе се чека одлуката на Европската агенција за лекови (ЕМА).

-Сите кои се вакцинираа во Србија, со втората доза ќе се вакцинираат во нашата земја. Јас од српските здравствени влaсти очекувам списоците да ги испратат електронски, за тој целокупен процес да се олесни и тоа е во делот на организацијата и на достапностата.

Во делот на стручното мислење за вакцината „АстраЗенека“ ние ќе го чекаме официјалниот став на Европската агенција за лекови, којашто треба да произлезе од состанокот на бордот, закажан за следната недела.

Некои земји како Германија донесоа индивидуални одлуки, исто како и некои други земји кои го запреа во одреден период вакцинирањето, може и да го продлжат ако има позитивна одлука односно и помлади луѓе може да се вакцинираат со таа вакцина.

Сега е јасно дека бенефитот од вакцината е многу поголем и ризикот да се заболи од тешка форма на Ковид-19 е многу поголем од ризикот да се јават тие компликации, рече Филипче.

Министерот ги објасни рестриктивните мерки, а за прeстојните празници, информираше дека Комиисјата допрва ќе одлучува.

-Во однос на престојните празници допрва ќе зборуваме и ќе видиме дали Комисијата нешто ќе препорача. На еден од претходните состаноци најавивме дека ова специфично ќе го дискутираме, но да ве потсетам дека за време на минатогодишните празници имаше построги рестриктивни мерки, а сепак се појавија нови и нови пациенти. Сепак суштинате е во почитување на веќе важечките превентивни мерки.

Ние имаме балансирани мерки, има рестрикција во движење за категорија граѓани, помлади, за кои забележувме дека по завршувањето на работата на угостителските објекти се групираа по паркови, јавни површини и таму не се почитуваа превентивните мерки, ниту носеа маски, ниту се држеше дистанца како што вообичаено се случува кога се групираат помлади луѓе.

Во таа смисла споредувавме резултати од некои земји во кои што имаше многу построги мерки, но и покрај тоа тие се соочија со силен бран, на пример дел од земјите во Средна Европа и покрај тоа што не работеа ниту ресторани, ниту продавници, огромен број на нови пацинети има, што значи дека вирусот не ги поштедува ниту тие земји.

Пoнатаму тие земји што воведоа карантини и пoлициски часови, многу построги од нашите, откако се појави бранот повторно немаа резултати, значи имаа пораст на случаите, a таму каде има собири во текот на денот има препораки и доколку се почитуваат нема да има проблем. Значи овие балансирани мерки се една умерена рестрикција, комбинирани со индивидуалната одговорност на граѓаните во однос на почитување на мерките, изјави Филипче.

Министерот апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките, дури и кога ќе бидат вакцинирани.

– Единствена препорака е тоа што го препорачуваме цело време да се почитуваат веќе препорачаните превентивни мерки, маските, дистанцата исклучително е важна сега и кога времето е убаво, но секаде во регинот се случува многу силен бран, илjадници заразени има во околните земји, така што препорака за граѓаните е да се почитуваат важечките мерки.

И после вакцинацијата ќе останат на сила тие превентивни мерки, маската ќе ја носиме навистина долго време, изјави Филипче.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев не ја одолговлекува оставката и не го менува ставот, велат од Владата

Редакција

(ВИДЕО) Во време на пандемија, стотици верници по улиците на Струга за традиционалната литија

Редакција

Вкупно 663: Нови 46 случаи позитивни на коронавирусот, најмногу во Куманово

Редакција