еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Се уште нема потерница за Нефи Усеини: Кои се најпознатите бегалци по кои трага МВР

Министерството за внатрешни работи (МВР) се уште нема распишано потерница за советникот на ДУИ во Општина Охрид, Нефи Усеини, на кого Обвинителството му одреди мерка притвор.

Во меѓувреме охриѓанецот Спире Топалоски, кој јавно обвини дека бил тепан од Усеини и неговиот брат се предомисли и ја смени изјавата. Тој вели дека станува збор за недоразбирање и дека Усеини бил и ќе биде негов пријател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Охриѓанецот Топалоски се „предомисли“: „Нефи Усеини ми е пријател, недоразбирањето е надминато“

„Сеа и Нефи преку оглас може ќе го бараат“: Твитер реакции за притворот за советникот на ДУИ, Усеини

Само пред неколку дена, Топалоски обвини дека Усеини и брат му го тепале со пиштоли пред неговиот 14-годишен син. По неговото обвинување, беа поднесени кривични пријави против Усеини и неговиот брат.

Кој се бара МВР

Нема дилема најпознат бегалец по кого се уште со меѓународна потерница трага МВР е поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега во Унгарија, каде доби политички азил.

Како што е познато тој е обвинет и осомничен во неколку предмети и истраги на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО).

Полицијата се уште трага и по Агим Красниќи, кој избега од затворот во Штип.

Тој и неговата седумчлена кондовска група беа уапсени во 2008 година за нерегуларности и за предизвикување неправилности на тогашните парламентарни избори, неовластено поседување оружје и злосторничко здружување. Кондовската група доби вкупно 50 години затворска казна.

Полицијата се уште трага и по поранешниот началник на Петта упрва во МВР, Горан Грујовски и неговиот соработник Никола Бошковски, од Управата за безбедност и контраразузнавање, кои избегаа во Грција.

 

Двајцата се обвинети за нелегално прислушување во предметот „Таргет-Тврдина„ на СЈО.

На листата со потерници на МВР се уште и Драган Далаверски, поранешниот директор на Царинската управа, кој избега во Белград, Србија.

Кој се бара МВР, ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Може ли да се спречи драстично поскапување на пивото!?

Редакција

Започна судењето: Жан Митрев не се чувствува виновен за „измама“, Обвинителството тврди дека ќе ја докаже вината

Редакција

Ќе има и митинзи и посети од врата на врата, а ќе гласаме со маски, готов е протоколот за изборите

Редакција