Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамките на истрагата против четири лица, за кои постои основано сомнение дека сториле злоупотреба на службената положба и овластување, изврши претрес во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје што ги користел осомничениот управител на правно лице и се одземени компјутери, потврдуват од Обвинителството.
Информираат дека во досегашната истрага, не се пронајдени материјали поврзани со приемните испити на слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители.
– Што се однесува до софтверот за полагање на испитот за прием на слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители, истиот не е одземен, посочуваат од ОЈО.
Обвинителството изврши претрес во канцеларии на Правниот факултет во рамки на истрагата поврзана со поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски и фирмата за софтвери „Инвока груп“. Фирмата изнајмила простории на Правниот факултет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рашковски склучил и други набавки во сомнителни постапки
Кој се води истрага и има отворено предмети за Рашковски, кој поднесе оставка
Под лупа имотот на Рашковски, еве што пријавил во Антикорупциска
Фото: Влада