еМагазин
Балкан

Се затвораат основните училишта и градинките во Грција поради Ковид-19

Основните училишта, забавиштата и градинките во Грција од понеделник до 30 ноември ќе бидат затворени, а учениците наставата ќе ја следат онлајн (во попладневните часови) и преку едукативната програма на грчката национална телевизија.

Одлуката на грчката Влада, која претпладнево ја соопштија надлежните министри на вонредна прес-конференција во Министерството за здравство на Грција, доаѓа по препорака на Комисијата на епидемиолози за да се намали раздвиженоста на возрасните.

Министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас, објасни дека препораката на комисијата е врз основа на интензивната раздвиженост на родителите, бабите и дедовци, кои ги земаат или носат децата на училиште, како и од наставници и вработените.

„Предност има јавното здравје, основните училишта беа последното нешто што сакавме да се затвори и ова, само по себе е порака до сите за тоа колку е сериозна ситуацијата“, рече Кикиљас.

МИА/Фото: Екатимерини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се погласни најавите за корекција на границите на Косово: Можен ли е домино ефект?

Редакција

(Видео) Немири во северно Косово, повредени десетина лица

Редакција

Вучиќ со Путин договори добра цена за гасот, Србија ќе плаќа трикратно помалку од европските земји

Редакција