Утре ќе се оддржи Сеавус CodeTalks. Ова ќе биде петто издание на CodeTalks во Скопје.Настанот ќе се оддржи во просториите на “Јавна соба“ – Центар за дизајн и иновации, со почеток во 18 часот. Влезот е слободен.
Овојпат на CodeTalks, своето искуство ќе го споделат Милица Панзова, сениор девелопер во Сеавус, како и Даниела Богатиноска, сениор тестинг инженер во Сеавус. Милица ќе зборува на темата “Introducing Microsoft Orleans”:
„”Orleans” е “framework” кој обезбедува директен пристап во градењето на дистрибуирани компјутерски апликации, без потреба да се учат и да се применуваат комплексни патерни за конкурентност или скалирање. Тој е производ на “Microsoft Research” и дизајниран е за употреба во “Cloud”. “Orleans” е широко користен во “Microsoft Azure”“, вели Милица.
Вториот експерт, Даниела Богатинска, ќе зборува на тема: „The Man with the Punch: Evolution starter kit for Software Testing“- Philosophy of testing”:
„Во оваа презентација ќе се зборува за повеќе теми. Една од нив е филозофијата на тестирање и различниот начин на размислување на тестерот и на програмерот. Се опишува како степенот на независно тестирање влијае за избегнување на авторската пристрасност, задачата на тестерот во тимот, како и техники за подобрување на тимската работа. Но најважно од се е да се нагласи дека тестирањето како активност не е деструктивна и претставува онолку конструктивна активност колку што е и развојот на софтвер“, изјави Данијела.
Пo завршување на презентациите ќе следи панел дискусија со презентерите.
Присуството на настанот може да го пријавите на овој линк:codetalks.seavus.com/seavus.