Министерот за економија Крешник Бектеши денеска информираше дека за применување на одлуките на Владата на терен се инспекторите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), а согласно извештајот од минатата недела веќе се изречени и казни за трговците кои што не ги почитувале одлуките.
„Во однос на прекршоците минатата недела ДПИ утврди неколку прекршоци во Скопје во неколку поголеми супермаркети кои се казнети. Се работи за седум супермаркети кои согласно прекршоците се казнети со по 7.000 евра за непочитување на одлуките.
Имајќи го во предвид извештајот на ДПИ, Министерство за економија прати допис до Инспекторатот да го применуваат и да постапуваат и согласно Законот за потрошувачи каде што е предвидено ако се повторат такви прекршоци инспекторите може да изречат и казна забрана за вршење на дејност и до една година за нечесни практики кои се прават во трговијата посебно кога има одлуки на Владата,“ изјави Бектеши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ