На 19.04.2019 година околу 12.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во село Топлица, гостиварско, седумгодишна ученичка паднала во кругот на училиштето и се здобила со тешки телесни повреди.
Според пријавеното, за време на одмор, обидувајќи се да се напие вода од чешмата во кругот на училиштето, девојчето се лизнало и паднало. По укажаната лекарска помош во болницата во Гостивар, била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.