еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Седумгодишното дете кое загина во пожар во зграда во Гостивар било врзано со ланец на нозете, открива Обвинителство

Основното јавно обвинителство Гостивар врши увид на местото на настанатиот пожар во станбена зграда во Гостивар.

Во моментов се очекува пристигнување и на специјална екипа од Одделот за криминалистичко – технички испитувања и вештачења при МВР, со цел испитување на причините за пожарот во кој, како последица на задушување, животот го загуби едно дете на 7-годишна возраст.

„Притоа, издадена е наредба за обдукција на телото на починатото дете и се разговара со очевидците на настанот. По наредба на јавниот обвинител, се врши прибирање на трагите од лице место, кои треба да помогнат за прецизно утврдување на причините за настанатиот пожар.

Првичните сознанија на лекарскиот тим на лице место упатуваат на тоа дека детето за време на пожарот било врзано со ланец на нозете. Според исказот на семејството, причина за врзувањето било што детето било агресивно.

Обвинителството ги презема сите дејствија за утврдување на евентуална кривична одговорност,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во Гостивар: Дете почина, а жена е тешко повредена во пожар во зграда

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времена забрана за ординацијата во која е третиран мажот кој почина од сепса

Редакција

Партиско дувло: Бројот на вработени во ЕЛЕМ се зголемил за речиси 1.000 лица од 2009 до 2018 година

Редакција

Годинава инвестициите во соларни проекти во светот за првпат ги надминаа трошоците за производство на нафта

Редакција