Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите нации (УНЕСКО) во последниот нацрт-извештај препорачува природното и културното наследство на Охридскиот регион да биде ставено на листата загрозени светски наследства.
Од УНЕСКО имаат бројни забелешки за нашите институции, за дивоградбите, а меѓудругото бараат и мораторум на градењето.
Информацијата предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи и во јавноста.
Ви пренесуваме дел од реакциите на Твитер:
Ам' УНЕСКО ак препорачал, ќе се врљиш од Канео?
— Nemora d'Aznacci (@jocoska) May 22, 2019
Иронијата на Македонија е што споменици од СК 2014 станаа дел од светското културно наследство, додека Охрид ќе го изгуби тој статус.
— Ivor Mickovski (@nezenzabar) May 21, 2019
Знаете ли каков удар за меѓународниот углед на Македонија ќе биде повлекувањето на статусот на заштитено културно наследство на охридско-струшкиот регион? Тоа не им се случува ни на земјите од трет свет, затоа што односот кон светското наследство е неприкосновен. @Zoran_Zaev
— малиот кнез мишкин (@JakovFendu) May 21, 2019
Сега може да рушите и да викате од UNESCO ни рекоа.
Ајде!— Mimi (@imimnone) May 21, 2019
Она што му се случи на Скопје, му се случи и на Охрид. Ни се случи и нам. Категорија "загрозено"
— Neo (@Neo38037098) May 21, 2019
А толку се јасни препораките од #Унеско. Еве една од нив:
Да се направи проценка на нелегалните градби и да се утврди нивното влијание на заштитеното подрачје и потоа да се срушат сите кои претставуваат опасност за подрачјето.Може да ја примениме и надвор од #Охрид
— Meri Batakoja (@mei_botata) May 21, 2019
За да го заштитат охридскиот регион и наследство, властите ќе треба да се справат со одвратна комбинација од неработење, несовесно/непланско работење, корупција, примитивизам, простотилак, негрижа… Всушност, со одвратното и одвратно толерираното комбо што ја произведе заканата.
— Katerina Naumoska (@ketrinkejtn) May 21, 2019
Небаре ние не знаевме кои се проблемите, ама сега ни кажаа од горе:
– несоодветна градба со несоодветно урбано развивање
– експлоатација на брегот
– зголемено загадување
– нарушување и уништување на животната средина и
– неконтролиран урбан развојМерки? Контроли? Ениуан? pic.twitter.com/a2wqWPlW2I
— Macedonian Lawyers for Human Rights (@LawyersHuman) May 21, 2019
“УНЕСКО го стави Охрид на листата на загрозени културни богатства”
На таа листа ги ставаа и богатствата во Сирија во деловите кои беа под Исламската држава. Значи нашите влади заедно со бизнисмените и локални моќници се на исто рамниште со ИСИС.
— Мр Моџо Килингтон (@mojokilington) May 21, 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од Владата велат дека со внимание и сериозност пристапуваат по сите одлуки и препораки на УНЕСКО