еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Секој медиум слободно ја одредува својата уредувачка политика, за ставот на Ахмети побарајте одговор од него, вели Ковачевски

Транспарентноста во државата е унапредена во последнава година и никогаш не се случило кој било уредник или новинар да добие повик од Владата за да се влијание врз уредувачката политика на медиумите, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање во врска со јавното етикетирање на две телевизии од страна на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Коментирајќи ја синоќешната изјава на Ахмети во која тој изрази незадоволство од медиумското известување на две телевизии во врска со случувањата во неговата партија, Ковачевски рече дека таквата изјава веројатно е дадена врз основа на одредени факти и упати објаснување за тоа да се побара од лидерот на ДУИ.

„Можам само да кажам мое лично мислење за тоа како одредени медиуми за однесуваат. Во државата има медиум чијашто уредувачка политика повеќе наликува на компанија која што тргува со енергенси, а има и медиум чијашто уредувачка политика повеќе личи на уредувачка политика на партиски сектор за комуникација,“ изјави Ковачевски на денешната прес-конференција на која беше презентирана реализацијата на капиталните инвестиции во земјава во 2022 година.

Ковачевски истакна дека нема да дозволи враќање на некои минати времиња и дека денес медиумите можат слободно да ја одредуваат својата уредувачка политика така како што сметаат, додавајќи дека постојат институции во државата што го регулираат работењето на медиумите и тие се независни од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од ДУИ објаснуваат: Ахмети не спомнал непријателски медиуми, туку агресивни тонови од граѓаните во контактните емисии на Алфа и Телма

Али Ахмети не смее да етикетира медиуми, регираат од Здружението на новинарите на Македонија

Ахмети им залепи етикета на Телма и Алфа дека биле „непријатели на Албанците“

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Куманово се степале двајца нови советници во Советот на општината

Редакција

Војна или бизнис: Убиството на иранскиот генерал ја вивна цената на нафтата

Редакција

Машинскиот персонал во бојкот, железничкиот сообраќај во прекин

Редакција