еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Семејството на скопјанецот кај кого посмртно беше утврден корона вирусот, не сакало да соработува со епидемиолозите

Семејството на починатиот скопјанец, за кој посмртно беше добиен позитивен резултат на Ковид-19, одбивале да соработуваат со епидемиолозите за да извршат епидемиолошка анкета, информираше на денешната прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

„Многу тешко се пристапи до семејството, како за организација на чинот на погребот, откако се доби резултат на починатиот дека е позитивен на Ковид-19, па сѐ до давањето на контактите на тие луѓе кои биле присутни на самиот чин на погребот,“ рече Филипче.

Станува збор за 53-годишниот пациент на кој вчера во Ре-Медика посмртно му бил утврден корона вирусот, а погребот се извршил без да се почитуваат протоколите за починати од оваа болест.

Вработените во болницата и семејството ќе бидат тестирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Чаир 54, во Сарај 39, во Гази Баба 34: Во кои скопски општини има најмногу активни случаи на Ковид-19

Ако во Сарај, Чаир, Гази Баба и Аеродром не се почитуваат мерките, општините ќе одат во карантин

Филипче: Ако знаевме дека ќе има забави без да се почитуваат мерките, немаше да ги отвориме угостителски објекти

Нови 52 случаи на заразени со корона вирусот, 26 се од Скопје

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По три недели за прв пат за 24 часа нема починат од Ковид-19 во тетовската болница

Редакција

Прифатени голем дел од сугестиите на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО, „бомбите“ нема да важат за случаите по 30 јуни 2017

Редакција

(Видео) Конститутивна седница: На пратениците им се мери температура пред влезот на Собранието

Редакција