еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Семејството незадоволно, се уште нема трага од 22-годишниот возач кој со возило падна во Вардар кај Желино

Семејството на 22-годишниот кумановец Е.Р., кој со автомобил падна во реката Вардар, кај Желино, е незадоволно од досегашната потрага.

– Бев на печалба во Австрија, телефонски дознав од брат ми. Воопшто не сме задоволни од тоа како се врши потрагата. Од завчера и браќата бараат, синовите на браќата дојдоа од печалба, но ништо.

Од 5 часот наутро сме тука, нема ништо. Сам бил во автомобилот. Отиде во Тетово поради последниот семестар, требаше да заврши социологија, изјави неговиот татко Насер Рамадани за ТВ21.

Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), вчера во потрага биле вклучени пет лица од Полициската станица (ПС) Јегуновце, лица од Црвен Крст-Тетово, четири нуркачи од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), пет вработени од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово, шест вработени од Единицата на локалната самоуправа (ЕЛС) Желино, екипа од РЦУК Тетово.

На терен беше пристигната и екипа од ДСЗ Кочани со четири лица заедно со четири нуркачи од ДЗС Тетово, при што осум вработени од ДЗС Тетово се во реката во потрага на исчезнатиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се уште се трага по возачот и евентуални патници од возилото кое падна во Вардар кај Желино

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се уште активен пожарот кај охридските села Вапила и Сирула, 26 се изгаснати во изминатото деноноќие

Редакција

Има загинати: Утрово сообраќајка на автопатот Штип – Миладиновци

Редакција

Маржата за трговија со струја ограничена на 10%, крајниот снабдувач ќе наплаќа 20% маржа наместо 50%

Редакција