Семејството од Украина со шест деца, за кое се собираше хуманитарна помош во Охрид, е сместено во Струга.
Марија Орловскаја вели дека Македонија е прекрасна земја која има убави и љубезни луѓе.
„Ќе ви бидеме благодарни за вашата помош со веганска храна, облека и обувки за деца, пелени за најмалите. Сакаме и ние да бидеме корисни. Јас сум доктор, нутриционист, лекувам со билки, сопругот и јас правиме масажи и водиме часови по јога.
Можам да ви помогнам да го подобрите вашето здравје, и да се опоравите од многу болести, и да се спречат. Можеме да испланираме здрава исхрана за вас и да ве научам да готвите.
Мојот сопруг прави масажа, работи јога, поправа компјутери, прави веб-страници, имаме минибус и приколка и може нешто да пренесе за мал надомест.
Нашата најстара ќерка и нејзината пријателка (која што ја напушти Украина без нејзините родители) имаат 15 години, свират на гитара и добро пеат, тренираат кучиња професионално и можат да помогнат да ја средат вашата градина или да го прошетаат кучето.
Ќе бидеме многу среќни да запознаеме нови луѓе тука и да бидеме корисни. Имаме големо семејство, најмалиот син има 1 месец. Веруваме дека ќе успееме да го поминеме овој тежок период со ваша помош,“ пишува Орловскаја на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Семејство бегалци од Украина пристигнаа во Охрид, потребна им е помош
Фото: Фејсбук/Орловскаја