еМагазин
Image default
Македонија

СЕММ бара професионално известување од медиумите и транспарентност од институциите за несреќата во Тетово

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) со голема загриженост ги следи прекршувањата на новинарските стандарди во известувањето за големата трагедија во Тетово и пожарот во модуларната болница.

„Медиумите се должни, особено кога се работи за информации што се однесуваат на загуби на човечки животи, да го почитуваат Член 1 од Кодексот на новинари: “Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно“, “ велат од СЕММ.

Во однос на експлицитните фотографии и видеа од несреќата потсетуваат на Член 8 и Член 7 од Кодексот.

„Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми. Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес. Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост,“ се вели во Кодексот.

СЕММ упатува повик до граѓаните да пријават во нивната канцеларија какво било прекршување на новинарските стандарди што ќе го забележат во традиционалните или онлајн медиумите преку електронската пријава на следниот веб линк: complaints.semm.mk.

„Истовремено бараме од институциите транспарентно, навремено и прецизно информирање на јавноста со цел намалување на ризикот од ширење на шпекулации во овие тешки моменти,“ додаваат од СЕММ.

Фото: ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 123 случаи на Ковид-19 од 1.312 тестирања, најмногу во Скопје, Штип и Гостивар

Редакција

Османи да ја покани бугарската колешка да клекне пред споменикот во Ваташа и да се извини, повика Мицкоски

Редакција

(ВИДЕО) Македонски иселеници пред козулатот во Мелбурн запалија грчко, бугарско и албанско знаме и макети од Заев и Шекеринска

Редакција