Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во однос на бугарското вето за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, денеска изјави дека она што го чувме и од германското претседателство е на линија на тоа што и ние го чувствуваме, а тоа е дека Бугарија направи геостратешка грешка, што не е добра за регионот, не е добра за нас и нема да биде добра и за Софија.
-Ние ќе продолжиме да работиме на европските вредности. И денеска на оваа прес-конференција покажавме дека можеме да испорачаме европски резултати, дури и тогаш кога некој го блокира европскиот процес. Така ќе продолжиме и понатаму, бидејќи македонската иднина е европска и ние на тоа нема да градиме алтернатива, изјави на денешната прес-конференција Шекеринска.
Таа изрази очекување сите земји од ЕУ, со исклучок на Бугарија, да ја потврдат нивната позиција дека треба да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија.
– Она што ние го ветивме пред месец дена, покажавме дека го исполнуваме и оти во интерес на европскиот процес нема да заборавиме на европските вредности, а едно од тие вредности е почитувањето на правото на самоопределување, на различноста и посебноста на секој наарод и на секој јазик. Ние кажавме дека тие црвени линии нема да ги преминеме, истакна министерката за одбрана Шекеринска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија со груби обвинувања за Македонија: Нема ЕУ со наследен тоталитарен историски наратив
МИА/Фото: МО