Министерство за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа е регистрирано едно починато лице од Ковид-19 од Скопје (86г), во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 5 починати лица, од: Скопје (1), Гостивар (1), Куманово (1), Тетово (1) и Битола (1), на возраст од 66 години до 87 години.
Од пријавените починати лица, 3 лица се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови. Пријавените лица се починати во период од 25.02.2022 год. до 22.03.2022 година.
Од вкупниот број на починати лица (6), кај 5 лица се регистрирани коморбидитети.
Вкупната бројка на починати е 9.197.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 322 случаи на Ковид-19 од 2.246 тестови, 42 се реинфекции
Убава вест: Оздравени 308 болни од Ковид-19
Фото: МЗ