еМагазин
Image default
Македонија

Шестмесечна казна затвор за напаѓачот на новинарската екипа на А1он

Основниот суд Скопје 1 Скопје го прогласи за виновен и му одреди затворска казна од шест месеци на лицето кое ја нападна новинарската екипа на А1он на протестите „За заедничка Македонија“ минатата година, објави А1он.

Според порталот, судијата напоменал дека се земени во обзир сите олеснителни и отежителни околности, а Јавното обвинителство во текот на доказната постапка приложило над 1 час видео и фото докази.

Нападот се случи на лани на 28 февруари, кога неколку илјади граѓани излегоа на протест од Влада до Собрание, по прогласот на „За заедничка Македонија“. Новинарската екипа беше нападната со тупаници по глава и тело, демонстранти им ја скршија и опремата, по што повредените со Брза помош беа пренесени во Ургентен центар.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три лица биле на возраст од 30 до 49 години: Минатата недела 66 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

При контрола во туристички автобус кој патувал кон Германија, откриени 19 фалсификувани ПЦР-тестови

Редакција

Заев во вторник ќе поднесе оставка во СДСМ

Редакција