„Тик ток „фраерот” што возеше по вело патеката на 8-ми Септември, идентификуван, казнет од страна на МВР, казнет од Град Скопје, возилото времено одземено“, напиша скопскиот градоначалник Петре Шилегов на својот Фејсбук профил и објави документација од која може да се види дека вкупната казна е 70 евра.
Станува збор за прекршок на 24-годишник кој го направил уште на 7 декември. Цело време додека вози низ вело патеката се снима со мобилен телефон, а видеото го објавил на апликацијата ТикТок.
Владата: Направивме велосипедски пат.
-Сељаците: 👇 pic.twitter.com/nWquBkCqWy— ☕ Кафеџија ☕ (@Malo_eKspreso) December 25, 2020
Фото/Видео: Фејсбук/Шилегов/Твитер/Кафеџија
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.