Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 16 август, Штип, Свети Николе и Куманово се со најмногу заразени со Ковид-19 на 100 илјади жители.
“Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип (1.989,6/100.000), Свети Николе со 1.272,4 на 100.000 жители, Куманово (903,4/100.000), Ресен (892,9/100.000), Скопје (877,2/100.000), Дебар (814,3/100.000), Струга (767,9/100.000), Демир Хисар (716,2/100.000), Македонски Брод (580,5/100.000), Тетово (571,2/100.000), Гостивар (551,1/100.000) и Охрид (550,7/100.000), додека инциденца со над 250 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Пробиштип, Кичево, Прилеп, Кавадарци, Велес, Кочани и Виница“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 117 бремени жени во Македонија се заразиле со Ковид-19, половина биле без симптоми
Со Ковид-19 во Македонија се заразиле вкупно 782 здравствени работници, оздравеле 663
Вака изгледа состојбата низ Македонија:
Фото: Општина Штип/мапа: ИЈЗ