Во периодот од 01.01-30.06.2022 година Макпромет АД Штип оствари позитивен финансиски резултат во износ од 897 илјади денари, информираат од компанијата преку Македонската берза.
„Остварените оперативни приходи во периодот од 01.01-30.06.2022 година во износ од 39.061 илјадa денари се состојат од: приход од продажба на производи во домашен пазар во износ од 38.850 илјади денари и останати оперативни приходи во износ од 211 илјади денари.
Вкупните оперативни расходи изнесуваат 38.164 илјади денари и се состојат од: трошоци за суровини и материјали и електрична енергија во износ од 22.363 илјади денари, набавна вредност на продадени готови производи во износ од 285 илјади денари, услуги кои имаат карактер на материјални трошоци во износ од 3.839 илјади денари, трошоци за плати и други надоместоци на вработените во износ од 8.454 илјади денари и останати оперативни трошоци во износ од 3.223 илади денари„, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Групацијата Макпромет во првите шест месеци од годинава со добивка