еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Штипските советници од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги корегираат свечените изјави со уставното име на државата

Тринаесетте советници од ВМРО – ДПМНЕ во Советот на Општина Штип ќе ги потпишат свечените изјави со уставното име на државата.

Координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ во Советот на Општина Штип, Душко Иванов вели дека тоа ќе го сторат во интерес на граѓаните, со цел на општината и на Советот да не им се донесе мерка „забрана на прописи“, а и од причина што во решението од Државниот инспекторат за локална самоуправа е укажано и има дадено рок за постапување во рок од 15 дена.

– Жалбата не го одлага извршувањето и повторувам во интерес на граѓаните да не дојде до блокирање на општината и донесување на одлука „забрана за прописи“, а со тоа во даден момент би се блокирала Општина Штип.

Индиректно би се блокирала работата на градоначалникот на Општина Штип, ќе постапеме согласно решението во делот на свечените изјави, изјави Иванов.

Посочува дека иако ќе ги коригираат свечените изјави, сепак не се согласуваат со решението и затоа ќе ги искористат сите правни лекови и жалбата во текот на денешниот ден ќе биде доставена до Државниот иснпекторат за локална самоуправа.

Координаторката на советничката група на СДСМ и на коалицијата „Најдоброто за мојата општина” во Советот на Општина Штип, Маријана Рогожарска Поповска посочи дека нивниот став е оти новите свечени изјави со уставното име треба да бидат потпишани од страна на сите советници на Седница на советот.

-Согласно добиеното решение од Инспекторатот за локална самоуправа, треба да бидат повторени постапките за донесување на одлуките од страна на Советот на Општина Штип.

Она што отвара сомнеж е фактот дека иако решението беше доставено до Општина Штип на 12.11.2021, истото е архивирано од страна на општината 16.11.2021, остава впечаток дека мнозинството на овој начин се обидува да манипулира со одлуките донесени на втората и третата седница, под изговор дека во моментот на нивното донесување тие се уште немале насока на кој начин да постапат, вели Рогожарска Поповска.

Што се однесува за советничката на Левица, пред извесен период партијата Левица имаше соопштение до медиумите дека нивните советници не ги потпишуваат изјавите со Република Северна Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Штипските советници од ВМРО-ДПМНЕ најавија потпишување свечени изјави со Северна Македонија

МИА/Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Безбедносна камера го фати моментот на излетувањето на автомобилот во Вардар, кај Веро Џамбо

Редакција

Документи со новото име граѓаните ќе добиваат откако МВР ќе направи набавка

Редакција

„ПМГ Танц Дигитал“ одбележува пет години постоење

Редакција