еМагазин
Македонија

Штипските здравствени работници чекаат насоки за имунизацијата против коронавирусот

Штипските здравствени институции деновиве очекуваат ресорното Mинистерство да им даде насоки за имунизацијата на здравствените работни, кои се опфатени во првата фаза.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека очекува деновиве да бидат информирани, каде ќе се реализира вакцинацијата против Ковид-19 за вработените во болницата.

Според евиденцијата 126 вработени од штипската Клиничка болница се пријавиле да бидат вакцинирани во првата фаза. Но, деновиве четворица од нив се заразиле со коронавирус, а еден здравствен работник е во изолација.

Началничката на штипскиот Ковид центар, Дијана Шишкова за МИА вели дека деновиве имаат мало зголемување на бројот на пациенти, на кои им треба болнички третман.

На Инфективното одделение денеска  се пополнети 36 кревети, а состојбата со 70-годишната жена од Штип, кај кој беше утврден британскиот сој на коронавирусот се подобрува и е стабилна.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Таткото на Боки 13 за напад на попот Стојчев доби затворска казна од шест месеци

Редакција

ЗНМ и ССНМ со осуда за кампањата за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

Редакција

Активни пожарите кај Дренак, Старо Нагоричане и Мургаш, кумановско, изгаснат кај Кокински Дол

Редакција