еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што му пишува во биографијата: Кој е Александар Бајдевски, старо-новиот заменик министер во МИОА

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на замениците-министри.

Кој е Александар Бајдевски

Александар Бајдевски е старо-нов заменик-министер во Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА).

Образование

Тој е дипломиран економист, на финансиско-сметководствен менаџмент на Економскиот факултет.

Работно искуство и политичка кариера

Од јуни 2017 до јануари 2020 година бил заменик-министер во МИОА.

Од јануари 2011 бил помлад соработник во Секторот за финансиски прашања во МИОА.

Од август 2008 до декември 2010 година бил помлад референт во Секторот за општи работи при Генерален секретаријат на Владата.

Од август 2006 до август 2008 година бил помлад референт во Секторот за анализа на политики и координација во Генерален секретаријат на Владата.

Од август 2005 до август 2006 година бил соработник во канцеларијата на Претседателот на Владата.

Од февруари 2005 до јули 2005 година бил советник за статистичко-аналитички работи во Централен регистар.

Во ноември 2000 година бил супервизор за Република Македонија во MASMI-Research, Белград.

Од септември 2000 до март 2005 година бил член на Советот на општина Кисела Вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Илир Хасани заменикот на Филипче: Субспецијалист трауматолог кој воведе нови методи на лекување, ценет од пациентите

Кој е Димитар Ковачевски, идниот заменик-министер на Бесими

Кој е Агим Нухиу: Богата професионална кариера на идниот заменик-министер за правда

Што му пишува во биографијата: Познатиот новинар Зоран Димитровски стана заменик-министер на Милевски

Кој е Трајан Димковски заменик-министер во МЗШВ: Што пишува во биографијата на старо-новиот кадар во земјоделскиот сектор

Фото: МИОА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Косовскиот Уставен суд ја прогласи Владата за нелегитимна, Косово пред нови избори

Редакција

Во Србија за еден ден предадени 1.400 парчиња оружје, 45.000 парчиња муниција и 1.000 парчиња минско-експлозивни направи

Редакција

Професор од Тетово осомничен за обид за силување на осумгодишно девојче се обесил во затворот во Шутка

Редакција