еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што работи фирмата Атриум на братот на пратеникот Крсто Мукоски, која „растура“ на тендери

Фирмата „Атриум“ од Вевчани, која ја водат членови на поширокото семејство на пратеникот Крсто Мукоски, неговиот брат Бобан и неговиот татко Милан, повторно е во фокусот на јавноста, откако истата доби неколку државни тендери изминативе неколку месеци.

Телевизијата Телма објави дека над 58 милиони денари или околу 950 илјади евра е вкупната вредност на тендерите кои Атриум, ги има потпишано со државни органи само во последните 5 месеци.

Како што е познато пратеникот Мукоски е обвинет дека ги отворил вратите на Собранието за време на настаните од 27. април лани.

Пред гласањето за уставните измени, предвидени со Договорот од Преспа, Мукоски, иако неколку месеци претходно имаше поднесено барање, беше пуштен од домашен притвор за случајот „27 април“ по што во Собрание гласаше за стартот на процесот за измени на македонскиот Устав.

За „Атриум“ се води предистражна постапка за тендер за стадионот во Скопје

Фирмата „Атриум“ и стана позната на јавноста за време на претходната власт, а последниве неколку години на државни тендери има добиено бизниси вредни неколку милиони евра.

Против „Атриум“ во тек е предистражна постапка за тендерот за варосување и дополнителни градежни работи на стадионот во Скопје.

Владата поднесе пријава поради сомнежи дека зад итност на постапката за стадионот се кријат високи и „напумпани“ цени за фарбање на квадрат ѕид и за градежни преправки, а случајот го истражува Финасиската полиција.

Што работи „Атриум“

Компанијата е основана на 13 мај, 1994 година.

Како управител на фирмата се води братот на Мукоски, Бобан, а според податоци од Централниот регистар нејзината приоритетна дејност е изградба на станбени и нестанбени згради.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер „збесна“ за тендерите што ги добивал семејниот бизнис на пратеникот Крсто Мукоски

Телма: За 5 месеци фирмата на братот на Крсто Мукоски на тендери добила 950 илјади евра

Фото: Фејсбук/Мукоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Лазаров остана без спонзори, се извини што дозволил да се емитува интервјуто со Латас

Редакција

Обвинителката од СЈО, Стефанова: Јанева ни наложи да ги затвориме предметите и осомничените да не одат во затвор

Редакција

Тепачката на градскиот базен во Штип почнала поради напад на 25-годишна девојка од радовишко

Редакција