еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Ќе излезат ли од притвор: Камчев нуди гаранција дека нема да избега од 14, а Мијалков од 1 милион евра

Бизнисменот Орце Камчев и бизнисменот Сашо Мијалков, кој е и поранешен прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) нудаат невообичено за наши услови високи суми како гаранции дека нема да избегат, за да излезат од притвор во кој се поради случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Тие завршија во притвор откако избега поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој во Унгарија доби азил.

Камчев нуди гаранција од 14, а Мијалков од 1 милион евра

Телевизијата Телма објави дека со имот вреден околу 14 милиони евра Камчев гарантира дека нема да избега.

Извори за телевизијата велат дека станува збор за недвижен имот на Камчев и неговата фамилија.

Дали Кривичен суд ќе ја прифати понудата ќе се знае следната недела. Мислење треба да даде и СЈО.

Минатата недела на Камчев му беше продолжен притвор за „Империја„ на СЈО за нови 30 дена.

Мијалков пак понудил гаранција од милион евра за да излезе од затворот „Скопје“ во Шутка, потврди неговиот адвокат Љупчо Шврговски.

За понудената гаранција треба да одлучи судија за претходна постапка.

На 20 ноември на Мијалков му беше определен притвор за предметот за прислушувањето „Таргет-Тврдина“. СЈО по десетина дена побара да се укине тој притвор и побара нов за истрагата за „Империја“.

За колку е оштетен државниот буџет со „Империја“ и колку пари се „испрани„

Од СЈО информираа дека од доказите со кои располагаат, произлегува дека со случајот „Империја“ е сторена штета на Буџетот на Република Македонија во износ од најмалку 6.275.280 евра, како и дека се „испрани“ парични средства во износ од 10.939.938 евра.

Истрагата „Империја“ освен против Камчев и Мијалков, се води и против Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Телма: Камчев нуди имот вреден 14 милиони евра за да излезе од притвор

Сашо Мијалков нуди гаранција од милион евра за да излезе од притвор

И Мијалков, како Камчев сместен во „хашка соба“ во затворот во Шутка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ССНМ за однесувањето на Бектеши: Функционерите да престанат со дискредитација на новинарите и медиумските работници

Редакција

Австријци го „запоседнаа“ Надзорниот одбор на Охридска банка во пресрет на продажбата на Шпаркасе

Редакција

Скопски „Бетон“ го доби тендерот на Град Скопје за реконструкција на бул.Александар Македонски вреден 1,3 милиони евра

Редакција