еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ

Што треба да знаете за криптовалутите: Кои се разликите помеѓу нив и парите?

Суверените валути се издаваат од страна на централните банки коишто всушност, имаат монопол врз процесот на нивното создавање и се грижат за одржување на нивната вредност, пишува Народна банка за разликите помеѓу криптовалутите и парите.

„Суверените валути имаат три клучни карактеристики поради коишто можат да се сметаат за „пари“: 1) претставуваат медиум за размена (т.е. се средство за плаќање) најмалку во земјата каде што се издадени,

2) претставуваат единица за пресметка (т.е. мерка за изразување на вредноста) во земјата каде што се издадени и

3) служат како чувар на вредноста на економските агенти (т.е. можат да се чуваат заради штедење).

За разлика од суверените валути, крипто-средствата не се пари бидејќи не ги поседуваат трите клучни карактеристики на парите. Само во некои земји може да се користат како средство за плаќање, односно да поседуваат функција на медиум за размена, но во ограничен обем.

Крипто-средствата не ги задоволуваат и останатите две карактеристики што ги имаат суверените валути, т.е. не се единица за пресметка (на пример, не постојат економски агенти коишто ги користат крипто-средствата како пресметковна единица при составувањето на своите финансиски извештаи) и не се чувар на вредност (т.е. пазарната цена на крипто-средствата изразена во некоја суверена валута зависи од понудата и побарувачката на платформите за размена и покажува висока нестабилност во краток временски период),“ објаснуваат од Народна банка

Фото: Photo by Clifford Photography on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За што е осуден Драган Даравелски, кој е уапсен на Табановце

Редакција

Температури и до минус 11 степени до крајот на неделата

Редакција

Медиумската промоција на МНР со јавни пари, ЗНМ реагира

Редакција